Рецепт за убав ден на Ребека Ле Мон
Во рубриката „Рецепт за убав ден“ денес се дружиме со позитивната и прекрасна Инстаграм икона Ребека. Ја следат и поддржуваат жени и мајки ширум светот. Читнете го нејзиниот рецепт за убав ден.
Секој ден е различен … не би можела да дадам рецепт за убав ден… но моето срце е полно со надеж и душата полна со радост зошто сум БЛАГОДАРНА што сум се разбудила здрава и БЛАГОДАРНА за се што Господ ми дал.
Небото сино во Сан Франциско полно сонце за сите да уживаат. Тоа кога ќе го видам, сум пресреќна и знам дека денот ќе биде убав…
Гледам секој ден куќата да ми е исполнета со топлина од семејството.
Сакам МИР и ХАРМОНИЈА зошто таму каде што секогаш владее мирот, љубовта никогаш не завршува.
Умот ми е полн со цели за постигнување и соништа и ветувања во кои треба да се верува. Сакам да СОНУВАМ. Сакам да работам на своите соништа. Никогаш нема да престанам да сонувам… тоа е дел од менe.
Мислам дека добро здравје и БЛАГОДАРНОСТ за животот што го имаме се можен рецепт за среќа од моментот кога ќе се разбудиме.
Љубов кон себе е исто нешто што никој не може да ја земе. Љубов и подршка за најблиските. Секојдневно.
СЕНС кога некој од семејството или пријател му треба мојата подршка. Тоа може да ми го разубави денот ако успеам да ПОМОГНАМ и да ОРАСПОЛОЖАМ некој.
Ако ова е рецепт (иако мислам дека нема голем рецепт) тогаш да, мислам дека зависи се од нас и нашите мисли за денот да ни е убав и исполнет.