ЖивотУбави совети

Брз рецепт за овошна торта

Овошна торта е супер вкусна идеја за денес!

Потребни состојки: 5 јајца, 10 супени лажици млака вода, 10 полни супени лажици брашно, 10 супени лажици шеќер, едно пециво, плус 15 супени лажици шеќер (за шлагот) и 1кг јаболки.

За тесто: Се матат жолчките со млаката вода и со 10те лажици шеќер т.е на една жолчка одат две лажици млака вода и две лажици шеќер се додаваат 10те лажици брашно и пецивото, откако ќе се стави брашно не се миксира само се меша со лажица. Јаболката се лупат и се сечат на кришки, плехот (во форма на круг) се премачкува со масло и се обложува со шеќер и во така подмачканиот плех се редат јаболката, се ставаат доволно јаболки за да не се гледа дното од плехот. Плехот со јаболки се пече 5 минути на 200 степени, се вади, врз јаболките се истура смесата за тесто и се враќа да се допече уште 30 минути. Белките се матат со 15 лажици шеќер за да се добие шлаг. Кога ке се испече тортата се вади малку се остава да се излади и се превртува така јаболките да дојдат горе а тестото доле, се филува со шлагот. По желба може во јаболките да се стави цимет, сецкани ореви или да се искомбинираат со било кое друго овошје.

Поврзани статии

Back to top button