Нега на стапала во домашни услови!
Сите состојки за нега на стапала во домашни услови, веќе ги имате во вашата кујна. Не е толклу тешко во оваа ситуација да ги негувате стапалата сами дома, додека да дојде време да појдете на професионален педикир.
Она што треба да направите е:
Добро загрејте (без вриење) 700-800 мл млеко. Истурете го во соодветен сад и додадете 2-3 лажици сода бикарбона. Промешајте.
Држете ги нозете во оваа купка 15-20 минути. Избришете ги со пешкир. После тоа, исчистете ги петиците со турпија за педикир. Исплакнете ги нозете со топла вода. Нанесете крем на стапалата. Препорачливо е да носите памучни чорапи.
Препорачливо е да се направи постапката во вечерните часови, пред спиење.
Веќе по првата постапка, ќе забележите дека вашите петици ќе станат меки и нежни на допир.
И запомнете: Редовната нега на стапалата ќе ви помогне да избегнете непријатни појави како што се пукнатини на петици во иднина.