Рецепт за убав ден на Сања Савеска
Водителката Сања Савеска денеска со вас го споделува својот рецепт за убав ден. Уживајте!
Рецепт за убав ден во време на светска пандемија, кога движењето е препорачано да се сведе на минимум. Во вакви услови се е поразлично од вообичаено. Впрочем, сега точно сфаќаме што навистина значи убава и долга прошетка, парк исполнет со детски џагор и смеа, сега сфаќаме дека онаа реченица “ајде, се слушаме и гледаме на кафе”, а кажана во брзање требала да се оствари, а не да брзаме во секојдневните трки кои сами ги наметнуваме . Животот овие денови не потсетува дека не треба ништо да чекаме и планираме, да живееме и да го зграбиме секој момент, да се радуваме на се околу нас. Во тоа е убавината на денот, на животот. Рецептот треба овие тешки денови да го научеме сите. Среќата и убавината се во домот и семејството. Тука е најбезбедно, најтопло, најсигурно. Мене и не ми пречи оваа препорака, бидејќи отсекогаш најсреќна сум кога можам да останам дома. Вистинската радост е секогаш дома. Голема шоља турско кафе е убедливо најдобар почеток на денот, без оглед на околностите денот ми започнува исто.