Сега е време да го зајакнете имунитетот, подгответе пролетна чорба!
Чорбите се едни од најздравите оброци за нашето тело. Домашните чорби содржат дополнителни течности, дневна доза на растителни влакна, витамини и минерали и здрави масти.
Овој пролетен рецепт за чорба е со пилешко, но може да се направи и со некој друг вид месо, па дури и со риба.
Потребни состојки:
0.5 кг бело пилешко месо
600 мл пилешка супа
1 конзерва црвен грав 400гр
300 гр пченка (може и од конзерва и смрзната)
200 гр свежи пиперки
2 главици кромид
1 чешне лук
2 лажици мед
2 лажички сол
половина лажичка црвен пипер
половина лажичка мелен црн пипер
1 лажичка суви зачини
Подготовка:
Исечкајте го на коцки белото месо. Исечкајте ги и свежите пиперки, лукот и црвениот кромид на мали коцки и извадете ги гравчето и пченката од конзерва и оставете да се исцедат. Ставете ги сите состојки во тенџере и варете ги со 600мл вода, на тивок оган. Со тоа намирниците ќе бидат добро сварени а ќе ги задржат хранливите состојки и квалитети. На крајот додадете ги зачините па варете уште десетина минути.
Ќе добиете здрава пролетна чорба, одлична за зајакнување на вашиот имунитет и за минус килограми по обилните зимски оброци. Што е најважно, оваа супа ќе ве држи заситени.