Три книги кои ќе ви го задржат вниманието!
Читајте сега, секогаш и засекогаш.
Без каење (Колин Хувер) Морган има родено дете претерано млада. Заради тоа дете, се има омажено со првото момче од средно школо и целиот нејзин живот е една мирна, предвидлива и малку монотона песна. Таа и нејзината шеснаесетгодишна ќерка Клара се страшно различни и не ни сакаат да бидат слични. Морган, како и секоја мајка на тинејџерка, сака да се погрижи нејзината ќерка да не ги направи истите грешки што ги направила таа кога прерано останала трудна и морала да си ги стави на пауза сите соништа. Но Клара не сака да тргне по чекорите на мајка си. Таа дури и ја презира мајка си бидејќи смета дека не знае што е тоа спонтаност, дека е страшно здодевна. Единствената личност која може да внесе малку мир во нивните животи е Крис – сопругот на Морган и татко на Клара, кој всушност е сидрото на семејството. Но мирот наеднаш го снемува кога Крис доживува трагична (и сомнителна) сообраќајна несреќа. Јазот помеѓу мајката и ќерката дополнително се зголемува кога почнуваат да се трупаат тајни, болни откритија, недоразбирања и нова љубов. Се чини дека тие две никогаш веќе нема да најдат пат една до друга…
Девојката од писмото (Емили Гунис) 1956 година: Кога Ајви Џенкинс останува трудна, нејзиното посрамотено семејство ја испраќа во католичкиот манастир Света Маргарита – мрачна, страшна куќа за немажени мајки. Потоа го даваат нејзиното бебе на посвојување против нејзина волја. Иако Ајви треба да излезе оттаму за две до три години, таа никогаш нема да го напушти местото. Сегашност: Саманта Харпер е новинарка очајна за малку одмор. Кога случајно налетува на писмо од минатото, истото ја шокира и трогнува. Писмото е од млада мајка која моли да ја спасат од Света Маргарита. Пред да биде предоцна. Сем се навлекува на трагичната приказна и открива многу смртни случаи околу жената и нејзиното дете. Кога дознава дека планираат да ја рушат Света Маргарита, ѝ остануваат неколку дена да ја реши шеесетгодишната мистерија пред вистината да биде изгубена засекогаш. А тоа патем е вистина што никогаш не би можела ни да си ја замисли…
Првата вечерна ѕвезда (Сузан Е. Филипс) Пајпер Дав е жена со сон – да стане најдобриот детектив во Чикаго. Прва задача? Да го следи бившиот бек на Чикаго Старс, Купер Грахам. Проблем? Грахам ја открива и не е среќен. Па затоа добрите детективи мора да знаат да работат под притисок и брзо да размислуваат. „Јас те демнам. Не сум опасна. Човече, никако. Повеќе нешто како малку опседната со тебе…“ Пајпер наскоро почнува да работи за Грахам, но не како телохранител затоа што тој одбива да признае дека очајно му е потребен. Тој ја ангажира да ги надгледува вработените во неговиот ексклузивен ноќен клуб. Но одеднаш, неговиот живот е во опасност и Пајпер е решена да го заштити, без разлика дали тој сака или не. (А тој дефинитивно не сака!) Проблемот е што таа истовремено се справува и со куп други тешки клиенти. Во секој случај, најтежок од нив е самиот Купер Грахам – легендарен спортски херој кој секогаш го добива тоа што го сака. Па макар тоа била тврдоглава детективка смртно решена да му докаже дека е подеднакво силна како него. Во стилот на Сузан Елизабет Филипс, романтична комедија што освојува уште од првата глава.