До совршени трепки само со три чекори!
Кога слушаме за трепки, веднаш помислуваме на заводлив, мачкаст изглед и веднаш посакуваме да имаме долги, свилени и густи трепки, кои го обликуваат нашето око и му даваат сензуалност. Еден од трендовите, што беше многу актуелен во претходните сезони, беа вештачките трепки кои му дадваат на окото потенциран ефект. Сепак, како што сега се стремиме кон природен изглед на шминка а не сакаме да се откажеме од заводливиот изглед, решивме да споделиме со вас 3 едноставни совети кои ќе им дадат на вашите трепки посакуван волумен и должина.
При секое нанесување комбинирајте две различни маскари, една за издолжување друга за волумен.
Нанесувајте помала количина маскара и на трепките од долниот дел на окото. Така ќе ги зголемите очите и ќе добиете повпечатлив изглед.
Има техника и при нанесувањето на маскарата. Со четката поминувајте лево-десно за да не ви се плеткаат трепките.