Три книги кои ќе го задржат вашето внимание
За денес одбравте три ултра интересни книги кои ќе го задржат вашето внимание се до последната страница.
Нечесна игра (Верица Митева) Викторија и Филип работат како дизајнери во конкурентски фирми за изработка на мебел. Одеднаш, судбината или случајноста си поигруваат со нив, па во истата недела двајцата добиваат наредба од нивните шефови „да се зближат“ со конкурентскиот дизајнер и да ги украдат скиците за претстојниот саем за мебел, бидејќи тоа е најважниот настан и период за сите фирми за мебел во државата. Немајќи друг избор, тие неволно се согласуваат затоа што не сакаат да ја изгубат работата. Така започнуваат да се гледаат и двајцата размислуваат за начини како да го спроведат планот и да дојдат до целта. Но помеѓу нив почнува да се раѓа нешто сосема друго… Во меѓувреме, сестрата на најдобрата пријателка на Викторија случајно дознава за планот и бидејќи не е во добри односи со својата постара сестра, решава да не дозволи тој да остане во тајност. Конците почнуваат да се замрсуваат и работите стануваат сè покомплицирани кога во оваа нечесна игра влегуваат куп емоции.
Сопруга на хартија (Лајла Ибрахим) Јужна Кина, 1923 година. Очајни да ѝ обезбедат иднина, родителите на Меј Линг договараат нејзин брак со вдовец кој живее во Калифорнија. За да влезе во земјата, Меј Линг мора да се преправа дека е првата сопруга на својот сопруг- сопруга на хартија. За време на опасното патување, Меј Линг прима под своја закрила девојче- сирак по име Сју. Соништата за подобар живот во Америка ѝ даваат сила на Меј Линг да ги издржи мачното патување и држењето во излоација на островот Енџел. Но, кога конечно ќе стигне во Сан Франциско ја чека изненадување…
Кери (Стивен Кинг) Кери Вајт не е обична девојка. Таа има дар. Може да поместува предмети со нејзиниот ум. Вратите се заклучуваат. Светилките паѓаат. Поканата од Томи Рос на матурската вечер за Кери е исполнување на сонот – прв чекор кон влез во средношколското друштво. Сѐ додека неочекуваната суровост не го претвори нејзиниот дар во оружје на хорор и деструкција кои никој никогаш нема да ги заборави.