ЖивотУбави совети

Чоколадна торта која се прави за 15 минути!

Ви се јаде нешто слатко а не сакате да поминете многу време во кујната? Имаме решение за вас!

Ви подготвивме рецепт за вкусна чоколадна торта, која се прави за само 15 минути.

Сè што ви треба е …

1/2 литар млеко
Кесичка пудинг со ванила
3 лажици шеќер
200гр чоколадни наполитанки
Кутија обични, тврди бисквити

За филот:

100гр чоколадо
50гр путер
3 лажици вода
3 лажици шеќер

Подготовка:

Во правоаголна тава наредете ги бисквитите. Сварете го млекото, шеќерот и пудингот, а потоа истурете ја пудинг смесата врз бисквитите.

Ставете ги чоколадните наполитанки над пудингот, покривајќи ја целата површина.

Стопете го чоколадото на пареа, додадете вода и шеќер и мешајте додека не се згусти. Тргнете ја смесата настрана и додадете го путерот, мешајќи додека не се стопи па прелијте ја тортата.

Оставете ја тортата да се олади, потоа послужете ја.

Поврзани статии

Back to top button