Која боја ќе доминира оваа есен?
Веќе неколку години, виолетовата го презеде водството кога станува збор за актуелни бои за есен, а особено актуелна ќе е бојата на лаванда, која шик девојките ќе ја носат со задоволство.
Пастелните бои ќе бидат апсолутен тренд и оваа есен, а бојата на лаванда и оваа есен ќе биде на врвот. Ќе ја носиме на сè, од палта, џемпери, пантолони, па дури и чевли.
Иако бојата на лаванда совршено се меша со светли, но и со темни нијанси, најпопуларен начин за носење оваа есен ќе е со монохроматски изглед во боја на лаванда. Таквиот изглед најдобро ќе се освежи со парчиња светли бои, затоа одбирајте светли додатоци оваа есен.
Бојата на лаванда е особено присутна на лелеави блузи и фустани, така што оваа боја е идеален избор за тековната сезона на венчавки.