ЖивотУбави совети
Сакате парфемот да ви трае преку целиот ден?
За време на жешките летни денови единствено што сакаме е да мирисаме свежо, сепак, по еден час или два, се чини дека нашиот парфем повеќе не мириса толку интензивно како кога го применивме. Решението за ова лежи во неколку едноставни трикови кои ќе ви помогнат да го задржите свежиот и интензивен мирис од парфемот на вашата кожа во текот на целиот ден.
- Хидрирајте ја својата кожа. Пред самото нанесување на парфемот измачкајте ја вашата кожа со млеко или со лосион за тело.
- За време на летниот период одлучете се за цветни и цитрусни парфеми кои шират свежина.
- Нанесувајте парфем и на косата, бидејќи таа е подобра подлога отколку кожата.
- Нанесувајте парфем на пулсните точки на телото.
- Чувајте го парфемот на адекватно место во домот. На ладно и темно.