Рецепт за убав ден на Викторија Петровска
Денешниот рецепт за убав ден со вас го споделува Викторија која со својата позитивна енергија умее да ве задржи пред малите екрани!
За убав и совршен ден неопходна ми е претходна добра организација. Со оглед на тоа дека сум дел од информативната редакција на Телевизија Сонце, денот ми почнува малку порано. Се будам со аларм, а прв утрински ритуал ми е проверка на социјалните мрежи.
Првото кафе ми е резервирано за со колегите од Телевизија. Имам најпрекрасни колеги на свет, па првото кафе го пијам со многу позитивна енергија и подготовка на Вестите кои го одбележале денот.
Обврските низ текот на денот ги извршувам со леснотија со оглед дека ја обожавам работата која ја работам.
После работното време преферирам најчесто ручек и средба со луѓе кои ми се драги. Обожавам да си ги негувам контактите и пријателствата и цврсто стојам на ставот дека време има за се’ ако знаеш како да си го организираш.
Дефиниција за успешен ден ми е кога ќе направам некого среќен.
Среќна сум со сите мали, слатки ситници кои не се купуваат со пари.
Не се лутам скоро никогаш, можам само да се разочарам и тоа да ми трае. Најчесто се разочарувам од неостварени ветувања.
Во текот на денот не поднесувам негативна енергија, исфрустрирани и луѓе кои не знаат каде им оди сопствениот живот, а за тебе знаат се’.
Денот го завршувам со добра книга или евентуално интересен филм.
За мене успешно завршен ден е ден кој ми поминал со насмевки, позитивна енергија и чиста совест пред легнување.