Нашата држава располага со туристички најживописен регион!
Туристички најживописен регион е охридско преспанскиот кој се наоѓа на крајниот Југозападен дел на Републиката. Ограничен е со планините Јабланица на запад, Караорман на север, Илинска, Плаќенскаи Бигла на североисток, Баба со Пелистер на исток а од југ се државната граница со Албанија и Грција.
Величествено се издига планината Галичица помеѓу Охридското и Преспанското езеро. Започнувајќи од долината на Црн Дрим меѓу планините Јабланица и Стогово со Караорман релјефот со височина се до 2 601м колку самиот врв на Пелистер. Овде широко се простира Охридско-струшката и Преспанската долина во чии дна се наоѓаат прекрасните Охридско и Преспанско езеро. Постојаната дисецираност на релјефот овозможува токму во овој регион да се создадат повеке хидрографскси објекти како што се големиот број на реки, извори и езера. Во овој регион се наоѓаат познатите Вевчански извори, Билјанините извори, изворот кај манастирот Св Наум и врутокот Шум во Струшкото поле.
Течат реките Брајчинска и Голема кои се влеваат во Преспанското езеро од каде што подземно водите преку извори го полнат охридското езеро за крајот директно во него да истекува преубавата река Црн Дрим во Струга. Овој регион се одликува со карактеристична клима која што е условена од влијанието на високите планини од една страна и езерски површини од друга страна.
Богат и разновиден животински свет нуди овој регион. Многу населени места од кои најзначајни се градовите Струга и Охрид на брегот на Охридското езеро, Ресен во Преспанската котлина и селските населби Вевчани, Радожда, Пештани, Трпејца, Љубаништа, Претор и Отешево.
Рај за душата е овој регион. Посебна убавина му даваат многубројните манастири и цркви меѓу кои мора да се издвојат комплексот цркви во селото Калишта, манастирите Св. Наум, Св Климент Охридски на Плаошник, Св. Софија и Св. Јован Богослов- Канео.
Заштитен знак на Охрид е Охридскиот бисер бидејќи неговото правење е тајна семејна традиција која мештаните ја пренесуваат од колено на колено. Добрите занаетчии во Струга изработуваат препознатлив уникатен филигрански накит. Луѓето од овој регион од секогаш па и ден денешен сезанимаваат со резбарство и грнчарство.