Вкусна торта за божиќната трпеза!
Ако се уште не сте го избрале идеалниот рецепт за торта за божиќната маса, ние за вас спремивме рецепт за чоколадна торта со портокал. Комбинацијата на чоколадо и портокал асоцира на зима и празници уште при прва мисла. Па, подгответе ја оваа превкусна зимска торта и споделете ја со најблиските.
Потребни состојки: За тесто: 6 јајца, 400гр пире од портокал, 200гр брашно, 200гр шеќер, 40гр какао, кесичка ванилин шеќер и две лажчки прашок за печиво. За фил: 250гр шлаг и 250гр темно чоколадо.
Подготовка: Портокалите ставете ги во тенџере со вода, цели. Варете ги околу час и 15мин. На половина час сменете ја водата, за да ја отстраните горчината која ја испуштаат. Заггејте ја рерната на 180 степени и поргответе округло тавче за торта. Поставете го тавчето со хартија за печење, намачкајте ја со малку зејтин и попрскајте ја со брашно. Оставете ги портокалите да се оладат. Со миксер изматете ги јајцата, шечерот и брашното. Кога портокалите ќе се изладат пресечете ги на половина и извадете ги срединките, измиксирајте ги да добиете пире смеса. Смесата од јајцата брашното и шеќерот соединете ја со смесата од портокали и префрлете ја на хартијата за печење. Печлете ја околу 40мин во загреана рерна. Додека тортата се пече изматете го шлагот на пареа и додадете го растопеното темно чоколадо. Фиолот прелијте го врз тортата и оставете ја во фрижидер да се стврдне. Декорирајте ја со резенки портокал.