ЖивотУбави совети

Вкусни, меки и сочни колачиња кои ќе ги подготвите за 15 минути!

Вкусни, меки и сочни, се топат во уста. Бонус плус – брза и лесна подготовка.

Потребни состојки:

– 1/2 литар млеко
– 5 супени лажици густин
– 10 лажички шеќер
– 1 ванилин шеќер
– 150 гр путер
– 1 пакет (1 кг) чајни колачиња
– 200 гр кокос

Плус- млеко и малку рум за да ги потопите.

Подготовка: Ставете го млекото да се затопли. Измешајте густин, шеќер и ванилин шеќер со малку млеко и додадете ја смесата во загреаното млеко како кога правите пудинг. Кога ќе се олади додадете стопен млак путер.Чајните кругчиња потопете ги во млекото со рум па наполнете ги со филот а на крајот извалкајте ги во кокос.

Највкусни се кога ќе преноќат, или барем неколку часа оставете ги во фрижидерот пред да ги послужите.

Поврзани статии

Back to top button