Заеднички живот пред брак, да или не?
Заеднички живот пред бракот за многумина е еден вид на тест кој покажува колку партнерите се вистински еден за друг.
Сепак, The Journal of Family Psychology објави студија која покажа дека тоа не е добра идеја.
Имено, научниците ја потврдија претпоставката дека паровите кои живеат заедно пред бракот имаат дури двапати поголема стапка на развод отколку оние кои не живееле заедно пред потписот.
На прашањето зошто е тоа така, научниците одговориле: “Претпоставуваме дека резултатот е она што е, бидејќи паровите кои веќе живеат заедно често се решаваат да се венчаат само затоа што веќе го делат просторот за живеење. Тие не ги земаат предвид сите важни аспекти кои влијаат на долгорочниот заеднички живот, а самиот факт дека овој период се смета за тест покажува недостаток на доверба и стабилност во односот. “