Додека ти не се промениш, не барај да се промени таа!
Добро утро мила, се наспа ли денеска?
Добро утро мила, подобро си денеска?
Добро утро мила, денеска те сакам повеќе од претходниот ден.
Го започнуваш денот вака или?
Оо да, извини, ќе те се искрши јазикот нели, ќе ти падне круната од главата, или пак веднаш ќе станеш папучар?
И потоа жените многу бирале, жените не знаеле што сакаат, жената знае што сака и ако не е со тебе, значи не си ти тој што таа го сака.
Не сака таа такви како тебе!
Да, да баш како тебе.
Ќе се запрашаш самиот,
А што ми фали мене? ..Нели?
Епа види, кога веќе знаеш да зборуваш за неа, тогаш сигурно знаеш што е и со тебе. Кога веќе таа те оставила, зошто самиот не се погледнеш, ама не, таа е виновна, зошто пак ти да си го мачиш тој мал мозок, со кој направи за да те остави. Нека си го мачи таа, нека мисли таа дали треба да ти даде уште една шанса, дали повторно да се прегази себе си, за да пак стои до тебе.
За тебе и онака таа ќе биде виновна, бидејќи таа те оставила, таа заминала, не ти неа.
Грешиш, многу грешиш, никој не си оди ако му е убаво, никој не си заминува за џабе, ако те оставила значи не и било убаво, значи не си ти тој, со кој таа го замислува животот, не си и пружил внимание, не си и дал ништо за кое таа би се борела да остане.
Но можеш да го промениш тоа, токму ти го можеш тоа, знаеш како?
Подари и го целиот свет, сега ќе кажеш не го можам тоа, не тој свет за кој мислиш ти.
За неа целиот свет е твојата љубов, твоето внимание, секое утро кажи и дека ја сакаш, дека си среќен што е таа до тебе, ќе видиш како нејзините очи ќе блеснат, како ќе биде среќна.
Е тогаш ако те остави можеш да кажеш дека таа е виновна, дека те оставила за џабе.
Но додека ти не се промениш, не барај да се промени таа!..
Јована Јовановска
Испратете и вие ваш текст на info@ubavo.mk