Рецепт за убав ден на Ксенија Деспотоска
Денешниот рецепт за убав ден со вас го споделува модната блогерка Ксенија, која зрачи со позитивност во секоја смисла и во секој момент!
Рецептот за убав ден мене ми започнува кога ќе ги отворам очите а пред мене стои моето куче кое со полни очи љубов ме чека да се пробудам, не може да имам поубав почеток на денот од тој поглед полн со безусловна љубов. А, потоа шоља кафе во кревет. Следи разубавување… Секогаш сакам убаво да изгледам, како и секоја жена кога сме негувани и изгледаме убаво сме полни со самодоверба и сјаеме во секој поглед. Чиста облека и добар парфем. А потоа кога сме спремни со надврешната убавина, време е да ја покажеме внатрешната убавина, која ја води насмевката. Кога сме насмеани зрачиме со позитивна енергија која ја пренесуваме на сите околу нас. Денот на никого не е совршен, но треба да се научиме секогаш да бидеме позитивни, секогаш да се гледаме себеси и ние да се чуствуваме убаво во својата кожа, не се сомневам дека тоа ќе го почуствуваат сите околу нас. Бидете полни со љубов, со почит, и разбиање, секогаш доделете убав комплимент и тогаш не само вашиот ден ќе биде убав! Убаво е вашиот ден да е убав, но уште поубаво кога вие сте причина за нечиј убав ден. Најважно од се е да бидеме задоволни со себе, да знаеме што сакаме, да имаме свои соништа и да одиме кон нивно остварување, да бидеме испонети и секогаш да бидеме горди на себе. Но, поважно од убав ден е чиста совест и мирен сон. Па затоа сакајте се себеси, но почитувајте ги другите, кога тоа е взаемно рецептот е успешен! Понекогаш самите треба да бидеме свои херои.