Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Маринела Милошевска

Во рубриката „Рецепт за убав ден“ денеска се дружиме со Маринела, млада блогерка која има интересни методи за тоа како да си го направи денот убав! 

Знаете како велат – неангажираниот ум е секогаш потиштен, затоа јас се трудам во текот на денот мојот ум да е целосно преокупиран. Раното будење е дефинитивно моја најголема слабост, но сфатив дека колку порано се будам, толку поенергично се чувствувам во текот на денот. Мојот ритуал за убаво утро е кратка медитација (со што ги отфрлам сите бескорисни и нехармонични мисли), проследена со еден час физичка активност (најчесто пилатес, со што го раздвижувам секој мускул во моето тело). Не пијам кафе па тоа го заменувам со некое освежувачко смути или цеден сок, кое уживам да го пијам додека го шетам моето куче Бади. Откако ќе завршам со моите утрински активности се фокусирам на работите кои ме исполнуваат и се радувам кога денот ќе го искористам да научам нешто ново. 

Сакам ден исполнет со работни обврски и предизвици, никогаш не ме плашеле купишта документи на биро, напротив празно биро и бадијала седење е она што ме потиштува. Една од клучните работи кои придонесуваат да мојот ден биде убав е секако интеракцијата со луѓе кои зрачат со позитивна енергија. Затоа секогаш се трудам да издвојам време за најблиските и најсаканите. За крај во мојот рецепт за убав ден секогаш додавам и добра музика, на која знам да потанцувам , па дури и некогаш да си запеам.

 

 

 

Поврзани статии

Back to top button