Убави книги и филмови

Читаме, ќе читаме постојано!

Секоја книга е ново доживување, ново искуство и возбудливо запознавање со други култури, животи и приказни. Затоа читаме и ќе читаме постојано!

До сите момци што ги сакав (Џени Хан) Лара Џин ги чува сите нејзини љубовни писма во една шапка-цилиндар, која ѝ ја дала мајка ѝ. Тоа не се љубовни писма што некој друг ги напишал за неа; туку се оние што таа ги има напишано. Едно за секое момче што некогаш го сакала ‒ пет за сите. Кога пишува, таа го отвора свое то срце и душа и ги кажува сите работи што никогаш нема да им ги каже во реалниот живот бидејќи нејзините писма се само за нејзините очи. Сè додека не дојде денот кога нејзините тајни писма ќе бидат испратени, и, одеднаш, љубовниот живот на Лара Џин се менува од имагинарен до реален и излегува надвор од контрола.

Има нешто магично во Сен Тропе (Елизабет Адлер) Пет меѓународни туристи, што не се познаваат меѓусебно се среќаваат во малиот Хотел од соништата сместен на крајбрежјето на Сен Тропе. Хотелот од соништата им изгледаше како совршено место за одмор на приватниот детектив од Малибу, Мек Рејли и неговата девојка Сани Алварез. Од самиот почеток Мек и Сани ќе се вклучат во решавање на проблемите на останатите членови од групата на измамените туристи, откривањето на мистеријата околу украдените уметнички дела и убиството наспроти убавините и гламурозноста на сончевиот Сен Тропе.

Преправај се и танцувај (Дијана Чејмберлен) Моли Арнет е многу добра во чување тајни, но…Таа и нејзиниот сопруг се надеваат дека наскоро ќе посвојат бебе. Но, постапката ја застрашува. Моли е загрижена дека вистината што таа ја чувала скриена за нејзиното детство ќе се открие и ќе ја уништи не само нејзината шанса за посвојување туку и нејзиниот брак. Додека се обидува да најде начин да се смири со своето минато и да ја прифати иднината исполнета со ветувања, открива дека таа дури и не ја знае вистината за тоа што всушност се случило во нејзиното семејство.

 

 

Поврзани статии

Back to top button