Тест: Ќе бидете ли заедно до крајот на животот?
Ова е мини тест кој може многу да открие за вашата врска и нејзината иднина. Ако сте во врска, сигурно прво сте биле заљубени, а потоа почнале да ви се развиваат вистинските и длабоки чувства кон вашиот партнер и обратно.
Сепак, дали ги знаете разликите меѓу вистинската љубов и токсичната љубов? Решете го овој тест и дознајте дали сте создадени еден за друг и дали ќе го поминете животот заедно. Запишете го секој потврден одговор на парче хартија:
1. Вашиот партнер е најмногу девет години постар од вас
2. Домашните работни обврски подеднакво ги делите
3. Вашето ниво на образование е иста како и неговото (или повисоко)
4. Тој заработува барем колку и вие (или повеќе)
5. Заедно успешно сте надминале барем една криза
6. Вашите интереси се речиси идентични
7. И во најлош ден тој умее да ве насмее
8. И двајцата ги почитувате неговото и вашето семејство подеднакво
9. Заедно сте повеќе од четири години
10. Вие и вашиот партнер сте од иста земја
Резултат:
9-10 x ДА – Честитки! Статистички, вие и вашиот драг ги имате најдобрите предуслови за да останете заедно многу години среќно.
5-8 x ДА – Научно кажано, вие и вашиот партнер имате солидна основа. Само опуштено, па сè ќе биде добро!
0-4 x ДА – според истражувањето, вашата врска е на стаклени нозе.