Есенски денови, чај и книга !
Времето потрошено на читање книга е квалитетно потрошено време. Затоа, читајте секаде и секогаш!
Во еден момент (Гијом Мисо) Лиза и Артур можат да се видат само еднаш годишно. Тој целиот живот го поминува барајќи ја… А таа својот чекајќи го… Лиза сонува за тоа да стане актерка. За да ги плати студиите, работи како келнерка во еден бар на Менхетн. Една вечер таму го запознава младиот доктор, Артур Костело и нејзиниот живот се менува од корен. Артур ќе направи се за да ја освои Лиза. Во градот полн со неочекувани пречки, на сите начини ќе се обиде да дојде до неа. Но, Артур не е обичен маж – тој на Лиза и ја открива вистината што го спречува да создава иднина со неа : неверојатна, a пореална и од самиот живот. Во Њујорк каков што се уште не сте го запознале, Артур и Лиза ќе мораат да ги обединат своите сили за да побегнат од стапицата пострашна и од најлошиот непријател: времето.
Десет илјади љубовници (Едит Равел) Лили е млада студентка – што се вратила од Канада и ги истражува јазикот, убавините и ужасите на родната земја. Таму го запознава човекот од своите соништа. Поранешниот актер Ами е згоден, интелигентен и возбудлив. Тој како и неговата преубава земја е под притисок и има една тешка професија: тој е воен иследник. Додека љубовта на Лили и Ами неочекувано цвета, над неа се надвива сѐ потемна сенка – проблемот што го наметнува работата на Ами. Во денешниот свет каде што опасноста, тероризмот и можноста од избувнување војна чинат дел од животот, овој роман е блескаво и ужасно актуелен. Па сепак, дејствието во романот Десет илјади љубовници се случува во Израел во седумдесеттите години на дваесеттиот век: сјајна позадина за универзалната приказна за страста, страдањето и чудесната моќ на љубовта.
Никој не рече дека ќе биде лесно (Коста Петров) За да го создадеме чудото што толку многу го посакуваш, ќе мора да тргнеме кон едно место. Едно тајно место. Место каде што има доволно чуда за сите нас. Во тоа место живеат сите твои соништа. Тоа место ќе ти ја даде можноста за првпат во твојот живот навистина да ја почувствуваш среќата. Ќе дојдеш ли со мене? Следи ме.