Убави книги и филмови

Книги во кои ќе се вљубите

Избравме неколку книги со интересни љубовни приказни кои ќе ве заинтересираат и нема да можете да ги оставите се до последната страница. Книги кои ќе ги засакате уште од првата страница…

Па, време е за читање, за љубов, страст, тајни…

Тајна задача: љубов – Џули Џејмс

ФБИ агентите Џесика Харлоу и Џон Шепард имаат минато. Поранешната адвокатка и некогашниот арогантен војник се имаат запознаено и замразено уште за време на обуката во ФБИ академијата пред шест години. Шест години подоцна, ниеден од нив не очекува повторно да налета на другиот, а уште помалку да ги спојат како партнери на важна тајна задача. Книга исполнета со многу акција, хумор и страст.

Уна и Селинџер – Фредерик Бегбеде

Потпирајќи се на вистинити приказни и на историски факти, Фредерик Бегбеде во својот најнов роман Уна и Селинџер раскажува безвременска приказна за една љубов која, како и сите вистински љубовни приказни, во себе обединува моменти на највисока среќа и најдлабока тага, најскриена надеж и најтешки разочарувања.

Ова завршува со нас – Колин Хувер

Лили Блум немала лесно детство, но тоа не ја спречило напорно да работи за да го има животот што си го замислила. Kога почнуваат да летаат искри меѓу неа и еден опасно згоден неврохирург , сè во нејзиниот живот одеднаш изгледа премногу добро. Но, книгата ќе ве потсети дека во животот сè има своја цена, па дури и љубовта.

 

 

 

Поврзани статии

Back to top button