ЖивотУбави совети
Каква жена посакува секој маж?
Посакуваната жена има многу позитивни карактеристики, а една од најважните е да знае како да се сака и да се цени себеси!
Секоја жена или маж што сонувал за иднината веројатно си создале слика за она што најмногу го сакаат кај своите партнери. И повеќето жени веројатно сакаат да бидат посакувани во одреден момент.
И додека светот сè уште се обидува да дознае кои се карактеристиките на многу посакуваната жена, точно е дека можеме само да шпекулираме. Оти, дефиницијата постојано ќе се развива.
Сепак, она што сигурно може да се каже е дека посакуваните жени ги имаат следните седум карактеристики:
- Тие не прогонуваат мажи, самостојни се и времето го трошат создавајќи добра иднина за себе.
- Тие имаат контрола над своите емоции. Разумот ги води низ животот.
- Тие избегуваат озборување, немаат желба и време за анализа на туѓи животи.
- Тие не бараат непотребно внимание. Не ја менуваат профилната слика на социјалните мрежи често и не се оптоварени со селфи фотки секојдневно.
- Тие имаат хоби, имаат своја активност и свој вентил за добра енергија.
- Тие не ги губат своите ставови и карактеристики кога се во врска. Не се менуваат, или ќе ги прифатите или ќе си заминете од нив.
- Тие имаат одлично развиена комуникација, знаат да разговараат на секоја тема како да се ваш најдобар пријател.
- Тие се финанскиски стабилни, не зависат од партнерот.