ЖивотУбави совети
Психолошки факти кои се вредни за размислување…
Психолошките истражувања сумираат интересни факти за човековото однесување, мотивација и комуникација. Некои од нив се интересни за дискусија. Дали се согласувате со нив?
- Секое пријателство воспоставено во периодот меѓу 16 и 28 години е повеќе веројатно да биде значајно и долготрајно.
- Жените генерално преферираат мажи со длабоки и рапави гласови, бидејќи делуваат посигурно и не агресивно.
- Начинот на комуникација повеќе влијае врз расположението, отколку што емоциите влијаат врз начинот на комуникација.
- Луѓето кои даваат најдобри совети обично се оние кои имаат најмногу проблеми.
- Колку е интелигентна личноста, толку побрзо мисли, а нејзиниот ракопис е понеуреден.
- Начинот на кој еден човек го третира персоналот во ресторан, открива многу за неговата личност.
- Луѓето кои имаат силно чувство на вина подобро ги разбираат размислувањата и чувствата на другите луѓе.
- Мажите немаат подобра смисла за хумор од жените: тие само кажувааат повеќе шеги, не грижејќи се дали другите луѓе го прифаќаат нивниот хумор или не.
- Срамежливите луѓе малку зборуваат за себе, но тоа го прават на начин кој прави другите да се чувствуваат како добро да ги познаваат.
- Жените имаат двојно повеќе рецептори за болка во нивните тела отколку мажите, но имаат многу поголема толеранција на болка.
- Слушањето музика со висока фреквенција прави да се чувствувате смирени, опуштени и среќни.
- Ако не можете да го запрете текот на мислите навечер, станете и запишете ги. Ова ќе го смири вашиот ум за да може да заспиете.
- Пријатните текстуални пораки наутро и навечер го активираат делот од мозокот кој е одговорен за чувство на среќа.
- Вршењето на нешта кои ве плашат, ќе ве направи посреќни (*не експериментирајте сами со нешта кои предизвикуваат преголем страв кај вас).
- Просечното време на жената да задржи тајна е 47 часа и 15 минути.
- Луѓето кои се обидуваат да ги направат сите среќни, често завршуваат со чувство на осаменост.
- Колку сте посреќни, толку помалку имамате потреба од спиење.
- Кога држите за рака некој близок помалку чувствувате болка и помалку се грижите.
- Надпросечно интелигентните луѓе имаат тенденција да се дружат со помалку пријатели, отколку просечно интелигентните луѓе. Колку е попаметната личноста, толку станува поселективна.
- Бракот со вашиот/та најдобар/ра пријател/ка го намалува ризикот за развод од над 70%. Овој брак е поверојатно да трае цел живот.
- Жените кои имаат повеќе машки пријатели почесто остануваат во добро расположение.
- Луѓето кои зборуваат два јазика може несвесно да ги променат своите личности кога се префрлуваат од еден јазик на друг.
- Да се биде сам подолго време е толку штетно за вашето здравје како пушењето 15 цигари дневно.
- Патувањето го подобрува здравјето на мозокот и исто така го намалува ризикот од срцев удар и депресија.
- Луѓето изгледаат попривлечно кога зборуваат за она што навистина ги интересира.
- Кога две лица разговараат, а едно од нив малку ги свртува стапалата на спротивна страна од соговорникот или постојано ја префрла едната нога во друга насока, претставува силен знак на несогласување и желба за заминување.
- Трошењето пари на другите ве прави посреќни отколку трошењето пари за себе
Ирина Николовска – Психолог, интегративен и гешталт советник