Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Ева Јакимовска

Денешниот рецепт за убав ден со вас го споделува Ева, девојката која ја гледате на малите екрани. 

Позитивна енергија, неколку насмевки, љубезност и време за најблиските. Мислам дека овие работи се клучни за вашиот ден да биде совршен. Обично мојот ден започнува тогаш кога остатокот од градот спие. Сакам да станувам рано, НЕ сакам да пијам кафе, се фокусирам на работата и се радувам кога денот ќе го искористам да научам некои нови работи. Секако тука е и мојата работа која што ме исполнува, тоа е Бекстејџ. И мислам дека токму Бекстејџ е една од главните причини што мојот ден е толку совршен. Тука е и моето куче Спарки кое ми дава навистина позитивна енергија. Дури и тогаш кога денот ми е катастрофа, кога ќе го гушнам него, заборавам на се друго. Се во животот е едноставно и убаво. Затоа искористете го денот за создавање нешто ново и свое. Затоа што животот е убав ако си го направите таков.

 

Поврзани статии

Back to top button