МодаУбави совети
За какви очила за сонце да се одлучите?
Ако одлучите да купите нови очила за сонце кои ќе траат во следните сезони, тогаш треба да ги изберете оние со црни или кафени стакла. Но, ако сте запознаени со модните трендови, сигурно знаете дека ви е потребен барем еден модел на очила кои ќе бидат забележани, со стакла во боја. Оваа сезона модерни се со тиркизно, интензивно зелено, жолто, па дури и со црвено стакло. Дури и ако тие имаат ефект на огледало, тие ќе бидат целосен моден погодок.