Иновативна метода за изработка на нокти со прав
Најново и единствено!
Во ,,Афродита- С’’ иновативна метода за изработка на нокти со прав – Dip powder.
Dip powder е најнова и најефективна метода за изработка на нокти. Еднаш штом ќе ја пробате оваа техника, ќе се враќате повторно на истата.
Dip powder техниката овозможува флексибилност да може да ги израснете вашите тенки и кршливи нокти, заштитувајќи ги и давајќи им природен изглед, цврстина и издржливост.
Она што е добро кај оваа метода е тоа што при самото ставање, тие се стегнуваат, без печење на ноктите. Не чувствувате притисок и тежина, а ноктот дише, додека кај гел техниката притисок и тежина се неизбежни. Отстранувањето на Dip powder ноктите исто така има поголема предност отколку кај гел техниката. Се отсранува само со ацетон, ги завиткуваме ноктите, оставајќи го ацетонот да делува околу 15 мин. Потоа се извлекува лесно како мастика, а одоздола плочката на ноктот останува неоштетена бидејќи при постапката не применуваме стругање на ноктот, ниту пак се нанесува прајмер, така што вашите нокти остануваат во одлична и зачувана состојба, може само да осетите мекост 2-3 минути поради влијанието од ацетонот, потоа се враќаат во нивната првична цврста состојба.
Користењето на оваа метода овозможува дополнителен заштитен слој врз вашиот нокт, спречувајќи понатамошно оштетување и дозволува природниот нокт да израсне без страв дека ќе го скршите и од обично отварање лименка.
Не само што е одличен метод за природни нокти, истовремено нема да се излупи како другите гелови и лакови.
Зошто Dip powder е одличен избор за вашите нокти? Денес младите девојки обожаваат да надоградуваат нокти и тоа го прават постојано, при што гел техниката не е најдобриот избор, бидејќи содржи хемикалии и при постапката со стругањето се оштетува ноктот, но со Dip powder методата младите се сосема безбедни.
Овој прашок не содржи мирис, формулиран e без хемикалии, содржи витамин Е и калциум кои помагаат при зацврстувањето на ноктите без нивно оштетување, не предизвикува алергии, не се пече во УВ или ЛЕД лампа, така што е погоден и за трудници.
Имаме одлична палета од сите бои, а ги правиме во сите величини, мат или сјајни и со најразлични декорации, во зависност од желбата на клиентот.
Брза, лесна и едноставна изработка, до беспрекорен и тренди изглед на вашите нокти.