ЖивотУбави совети

Тест: Срцето кое најмногу ве привлекува крие многу важна љубовна порака

Ако ви се појавуваат постојано слични ситуации во односите, можеби тоа е поврзано со вашите проблеми од минатите животи.
Многу од нашите лични предизвици се провлекуваат уште од претходните животни искуства, а за овие предизвици се уште е потребно исцеление и разбирање, за да душата биде целосна во тоа подрачје.

Сè што треба да направите е да го одберете срцето кое најмногу ве привлекува, а потоа прочитајте гја својата порака:

Ако сте одбрале 1: Имајте доверба во другите
Во претходниот живот сте биле успешни и богати, а другите често знаеле да излажат и искористат до точка каде што сте западнале во сиромаштија и беда. Луѓето со кои сте биле окружени ја искористиле вашата добра природа. Во денешно време ви е тешко да им верувате на другите и да верувате дека тие се искрени.

Може да се појави сомнеж во многу љубовни врски, бидејќи постојано се прашувавте какви се мотивите на другите. Иако е тешко да не верувате во сè што слушате, доаѓа времето кога е незгодно да бидете премногу сомничави бидејќи би можел да останете сами.  Предлогот за работа на овој предизвик на односите би бил да не судите сè и на секој веднаш, и да дадете време на ситуацијата.

Ако сте одбрале 2: граници
Дали забележавте како луѓето понекогаш ги менуваат границите и земаат повеќе од она што е договорено? Еден од вашите предизвици поврзани со односите е учењето да се остане силен во своите ставови. Мора да научите како да кажете “не” кога мислите не.

Во минатиот живот сте биле толку гладни за внимание и одобрување па сте си го загубиле својот идентитет, бидејќи сте сакале да се вклопувате во средината и да се согласите со сите.

Предизвик е да поставите свои граници, оти спротивното ќе ве исцрпи. Обидувајќи се да им угодите на сите не треба да си го жртвувате своето добро. Со време ќе престанете да чувствувате неправда.

Ако сте одбрале 3: Страв од движење напред
Во овој живот тешко ви е да ја прекинете врската со токсични лица и ситуации. Оваа борба настанува од претходниот живот, каде што луѓето биле веднаш отстранети од вашиот живот, без претходно известување – смрт, болест, војска, прељуби и слично.

Во тој живот сте биле оставени. Во овој живот ќе ви недостасуваат здрави, топли и рамноправни односи, и е време да излезете од хаос и токсичност.

Ако не сте среќни во некоја ситуација или врска, тогаш најдобро е да се тргнете настрана од таа нездраво состојба и дадете време,  да се исцелите себе, а потоа отворете го своето срце, затоа што ве чека радост на другата страна.

 

Поврзани статии

Back to top button