Институт за јавно здравје: Како да се однесуваме при топло време?
За време на најтоплиот период во денот (од 10 до 17ч.) избегнувајте напорни физички активности, вклучувајќи и спорт и рекреативни активности. Неопходните работи завршувајте ги до 10ч или после 17ч.
Носете светла и лесна облека, (зашто светлите бои ја рефлектираат светлината), а при директна изложеност на сонце, ставете заштитни очила и капа.
Останете во затворени климатизирани простори (обичните вентилатори не помагаат кога температурата е над 35оС. Затворете ги прозорците и ролетните во текот на денот, а отворете ги навечер, кога температурата е пониска.
Внесувајте помало количество храна. Избегнувајте мрсна и високо –калорична храна, како и храна која содржи поголемо количество шеќер.
Внесувајте големо количество течност (не чекајте да бидете жедни) почнувајќи од обичната вода за пиење, па до минерализирани безалкохолни пијалоци. Одбегнувајте алкохолни пијалаци и пијалици кои содржат кофеин, како и екстремно ладни пијалаци.
При неопходен престој на отворен простор најдете можност за почести одмори под сенка и избегнувајте директен престој на соне.
Туширајте се со студена вода повеќе пати во текот на денот. Алтернативно, ставете ладни облоги и чувајте ги нозете во студена вода.
Кога сте во своето возило – отворете го прозорецот за да овозможите вентилација на воздухот. Целосно затворените возила стануваат многу жешки. Не оставајте никого во возилото!
Хронично болните, посебно тие со срцеви, невролошки и белодробни болести потребно е да бидат посебно дисциплинирани во однос на овие препораки и редовно да ја земаат својата редовна терапија. За сите промени во здравствената состојба задолжително да го консултираат својот матичен лекар.
Ако чуствувате зашеметеност, слабост, вознемиеност или имате интензивна жед и главоболка, побарајте помош,преместете се на постудено место колку што е можно побрзo измерете ја својата телесна температура.
Веднаш напиjте се вода или негазиран минарален пијалак за да се рехидрирате.
Ако имате болен мускулен грч најчесто во нозете, рацете и стомакот, што побрзо одморете се на студено местои напијтесе течност која содржи електролити. Лекарска помош е потребна ако топлотните грчеви траат подолго од еден час.
Консултирате се со свјот доктор, доколку почуствувате невообичаени симптоми или ако симптомите траат подолго време!
Ако некој член на Вaшето смејество или лице на кое помагате има топла и сува кожа или е во бессознание, веднаш повикајте 194! Додека се чека итната медицинска помош префлете го на студено местои ставете го во хоризонтална положба, подигнетеги нозете и колковите; Отстранете ја гардеробата, воспоставете надворешно ладење како студени облоги на вратот, пазувите и слабините, постојано ладете го и прскајте ја кожата со вода; Мерете ја телесната температура. Не давајте терапија; Ако лицето е во бессознание, не треба да лежи на грб, свртете го на страна.
S.O.S.БЕСПЛАТЕН БРОЈ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ЗАШТИТА ОД ТОПЛОТНИ БРАНОВИ: 02 32 21 902 (10-18h)
ДРУГИ МОЖНИ РИЗИЦИ ПО ЗДРАВЈЕТО ПРИ ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ СЕ: Труење со храна и појавата на цревни заразни заболувања!
Пред употреба задолжително е миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје).
Термичка подготовка на храна и нејзина консумација веднаш поподготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фиржридер на +8 степени,апред употребата да се загрее на +100 степени.
Избеднувајте производи кои термички не сеобработени, пр. мајонез од домашни јајца и бидете внимателни со консумација на сладолед и разни кремови.