Дестинација која нуди незаборавно доживување!
Сплит е втор по големина град во Хрватска, кој се наоѓа во близина на брегот на Далмација. Посетата на Сплит е вистинско доживување и е одличен начин да се почувствува далматинскиот начин на живот, да се видат некои од најубавите римски споменици, како што е Диослејтската палата заштитена од УНЕСКО. Но, доколку историјата не е нешто што ве фасцинира, ние сме сигурни дека ќе бидете воодушевени од одморот на Јадранското Море, како и прошетките преку брегот на крајбрежните споменици. Како и секое туристичко место, во Сплит може да најдете многу интересни продавници, ресторани, барови кои се дел од медитеранскиот дух. Сплит нуди традиција, забава и вистинска авантура за сите генерации. Се вели дека доколку еден одмор поминете на Јадранот, ќе му се враќате повторно и повторно.