Пилешко и маслинки, вкусна комбинација во која ќе ужива целото семејство!
За денес подгответе динстано пилешко месо со маслинки, нека ужива целото семејство!
Потребни состојки: 1кг парчиња пилешко месо, 2 свежи црвени пиперки, 3 чешлиеа лук, 2 главици кромид, 100гр маслинки, 1 чили-пиперка, 1 конерва лупени домати, 200гр свежи домати, сол, маслиново масло и мелен црн пипер.
Подготовка: парчињата пилешко месо зачинете ги со сол и црн пипер. Пропржете ги во врело масло колку да добијат златна боја, извадете ги од тавата а во неа додадете ги кромидот и лукот исечкани на ситни парченца, потоа додадете ги патлиџаните и свежите пиперки исечкани на коцки. Пржете кратко време па додадете ги доматите од конзервата заедно со сосот. На крајот додадете ги маслинките и парчињата пилешко месо. Посолете по вкус, покријте со капак и околу 20 минути динстајте на ниска температура. Извадете го капакот и пржете се додека не се згусне сосот. Наздравје!