Арс Ламина наградува!
„Марч” претставува историски роман чие дејство е сместено во раните денови на Американската граѓанска војна. Главниот лик Роберт Марч е, всушност, отсустниот татко од романот на Луиза Меј Алкот – „Мали женички”. Тој го напушта Масачусетс и патува низ Вирџинија за да ги подучува пребеганите робови на плантажата на Етан Канинг. На почетокот од секое поглавје, Марч пишува писма до својата жена Марми и се труди секој збор да биде искрен и вистински, но истовремено сака и да ја поштеди својата сакана од болката и од страдањето на животот на Југот. Романот личи на воен дневник, прикажувајќи како војната ја менува личноста. Емоциите изразени во книгата се универзални, но тие се толку длабоко сместени во умот и во срцето на Марч, така што читателот развива емпатија кон него. „Марч” е прекрасна приказна, која ќе ве натера поинаку да гледате на историјата.
“Трогателна приказна што трае долго по затворањето на задната корица” – Карен Џој Фолер “Вашингтон Пост”
„Исполнет со брачна љубовна болка, во време на моќна војна меѓу умот и срцето не еден неверојатен човек“ – Сју Монк Кид, автор на “Тајниот живот на пчелите”
„Сликата што ја создава Брукс на Југот кој е опустошен и разорен од војната, особено на ослободените плантажи е навистина неверојатна. На богат јазик таа ни опишува едно време и место каде ликот (господин Марч) се обидува да живее според она што тој го зацртал за себе, ова го прави романот “Марч” неверојатно книжевно дело“ – Денвер Пост
„Прекрасно напишана приказна за тоа како војната ги уништува идеалите, ja растројува моралната безбедност и буквално ги врежува горчливите искуства и неописливите спомени меѓу двајца сопружници“ – Лос Анџелес Тајмс
Џералдин Брукс е американска писателка со австралиско потекло и е автор на повеќе бестселери. Почетоците на нејзината писателска кариера се во Сиднеј, каде што најпрвин работела како новинар, а потоа продолжила како дописник за „Волстрит џурнал“ од Босна, Сомалија и од Средниот Исток. Сега живее во Масачусетс. Брукс е добитник на многубројни награди, меѓу кои и „Пулицерова награда“ за фикција во 2006 година, токму за романот „Марч“.