ЖивотУбави совети
Според структурата на вашата коса откријте дали е добро да ја миете наутро или навечер!
Луѓето обично како по навика косата ја мијат секогаш во одредено време од денот. Сепак, идеалното време за миење на косата навистина постои. Познати фризери откриле дека, во зависност од структурата на косата, некои луѓе би требале да ја мијат во утринските часови а други во вечерните.
Ако имате тенка коса која брзо станува мрсна, експертите препорачуваат да ја миете наутро. Така, косата ќе изгледа свежа и чиста во текот на денот.
Од друга страна, ако имате кадрава, со дебело влакно, густа коса, треба да ја миете навечер и после миењето полека ја сушите со крпа и да ја оставете да се исуши целосно природно. Така, косата ќе го задржи волуменот, а вашите кадрици ќе изгледаат совршено.