Убави дестинации

Оригинална, поинаква, бајковита дестинација каде природата и луксузот се во совршена хармонија

Оригинална, поинаква, бајковита дестинација… Кога природата и луксузот ќе се искомбинираат, добивате нова димензија на одмор. Феномен Плитвички е ново туристичко место во срцето на Националниот Парк Плитвички Езера во Хрватска. Се наоѓа во близина на прекрасниот голем водопад, опкружен со природа која подеднакво привлекува туристи во сите четири сезони. Целодневна турнеја низ Националниот парк, пешачење, возење велосипед, јавање… има многу можности за уживање во прекрасната природа со која располага ова место.Во Националниот Парк е туристичкото село кое опфаќа 142 илјади квадратни метри во областа на селото. Таа е составена од девет дрвени куќи со елегантни апартмани, ресторан со врвна квалитетна услуга, релаксирачка спа бања и место за дружења и состаноци со скара. Кога ќе влезете во одморалиштето, впечатокот е дека ова село отсекогаш било совршено споено со околината, па дури и не чувствувате дека сте влегле во оаза на луксуз и удобност.Градина со растенија, отворена фитнес сала, утринска јога, детско игралиште, акцент на локалните и зачувување на природните ресурси, без бучава и гужва – навистина изгледа како вистински рај. Плитвичките Езера се идеално место за целосно да се релаксирате и да ги наполните батериите со енергија. Тука ќе ги почувствувате придобивките од мирот и ќе научите како звучи тишината. Она што другите го нарекуваат тренд, всушност е начин на живот. 

Поврзани статии

Back to top button