МодаУбави совети
Што треба да си набавиме за ова лето?
На социјалните мрежи и по продавниците може да се забележи дека ова лето изгледа сите ќе заборавиме на пешкирите за на плажа кои досега ги користевме и купувавме.
Хит за оваа година се пешкирите за на плажа кои се овални или дупли, шарени, со реси и штосни дезени. Креативноста нема граници, а оваа креативност преточена на пешкирите кои ќе бидат хит оваа година не маѓепса сите. Па доколку се уште не сте си набавиле штосен пешкир за овој летен одмор, сторете го тоа што поскоро! Нека биде весел и впечатлив исто толку колку што сакате да ви биде и одморот.