ДомУбави совети
Пријатна и функционална кујна за сечиј вкус!
Кујнската зона на оваа станбена единица е јасно поделена на два видливи дела, дел за јадење и дел за готвење. Поделбата на деловите била постигната со примена на различни бои, материјали и осветлување, додека динамиката била постигната со заоблени кујнски елементи.
Акцентот е ставен на ѕидот во кој е кујната вградена, и токму тоа дополнително придонесува за разиграноста и интересната атмосфера во овој дел од домот. Јасно изразеното линеарно осветлување во кујната и делот за јадење дополнително придонесуваат за дуализмот во оваа кујна.
Природно осветлените делови секогаш изгледаат попривлечни и се навистина попријатни. Зеленилото кое е додадено во кујната исто така игра важна улога за расположението.