ЖивотУбави совети

3 ефикасни совети за релаксиран изглед на вашите очи

Еден од главните проблеми на вработените жени е заморот. Тие сакаат да го започнат секој ден свежи, среќни и одморени, но некои денови едноставно сонот не доаѓа па кога ќе се разбудат очите им изгледаат уморни и исцрпени.

Шминка е тука за да се поправат работите!

3 ефикасни совети за релаксиран изглед на вашите очи:

Коректор

Коректор е најдобриот пријател на уморните очи, но немојте на уморни очи да ставате бел коректор во прав, оти може само да го потенцирате уморот. Најдобар ефект ќе има лесен коректор со хидрирана текстура која ќе ги покрие темните кругови и подочници и нема да изгледа како маска.

Бело моливче

Белиот молив во последниве години е многу популарен и има моќ да го освежи погледот за момент. Црниот молив, од друга страна, ќе има спротивен ефект врз уморни очи.

Полни трепките

Трепките се една од алатките за свеж изглед. Очите со долги и полни трепки изгледаат поубаво и имаат заводлив шарм, ги отвараат очите и веднаш даваат релаксиран изглед.

Поврзани статии

Back to top button