ЖивотУбави совети

Енергетскo витаминска бомба – салата готова за 20 минути

Киноа – Има совршен сооднос на девет есенцијални амино киселини, богати со манган, магнезиум, железо, бакар и фосфор, како и витамини Б и Е, и се препорачува за луѓе кои страдаат од дијабетес и атеросклероза.

Салата за здравје: 150гр киноа
4 поголеми домати
2 краставици
1 младо лукче
150 гр туна од конзерва
1 црвена пиперка
1 зелена пиперка
1/2 магдонос
2 лимони
0,5дл маслиново масло
малку мешавина на зачини

Време за подготовка: 20 минути

Потопете ја киноата во вода и оставете ја да нарасне неколку часа. Потоа, исцедете ја убаво, а краставицата, пиперките и патлиџанот исечкајте ги на коцки. Целото младо лукче исечкајте го заедно со магдоносот. Во стаклен сад измешајте го зеленчувкој заедно со киноата и прелијте ги со маслиново масло и сок од лимон. Туната одвојте ја од маслото и додадете ја во садот.

Идеја плус: Оваа салата е одлична за појадок во комбинација со кисело млеко.

 

 

Поврзани статии

Back to top button