ЖивотУбави совети

МНТ наградува!

Планински џинови – премиера 26.04. 2018 во 20часот, два гратис билети за еден наш читател!

Скопската премиера на „Планинските Џинови“, режисер Паоло Маџели

„Планинските џинови“ е последното дело на Луиџи Пирандело, виртуозот на театарскиот збор, кому шведската академија во 1934 година му ја додели Нобеловата награда за „смело и инвентивно оживување на драмската и сценската уметност. Ремек делото „Планинските џинови“ остана недовршено поради смртта на авторот. Вака крајот на делото е оставен на нашето мечтаење и на волјата на идните времиња“. „Планинските џинови“ претставува мит за уметноста. Современа бајка која ги руши бариерите меѓу актерите и публиката, меѓу реалното и нереалното. Приказната следи актерска трупа која лутајќи низ едно недефинирано место и време, во простор кој се наоѓа меѓу стварноста и бајката. Во таа магија на нивната заедничка невозможна потрага по универзалната вистина, се станува можно. И разбирливо. Со моќта на театарот. Различните јазици кои се користат во оваа претстава само привидно се разликуваат. Сите ги разбираме. И токму нивната различност ја покажува универзалноста на нашиот јазик – јазикот на театарската уметност. „ – Жељка Удовичиќ – Плештина, драматург.

 

Поврзани статии

Back to top button