Три едноставни правила со кои уште на почеток ќе си обезбедите екстра поени
Не залудно се вели дека никогаш нема да добиете втора шанса да го поправите првиот впечаток.
Без разлика дали сакате да си признаете или не, првиот впечаток е многу важен, особено кога одите со некој на состанок. И доколку ви е важна таа личност следете ги овие три едноставни правила кои речиси секогаш успеваат:
1. Заборавете на телефонот додека сте со него
Ајде да бидеме искрени, никој не се чувствува пријатно кога седи со некој кој постојано гледа во мобилниот телефон, особено кога станува збор за романтичен состанок. Затоа, ако сакате да оставите добар впечаток за потенцијалното момче, заборавете дека во тој момент имате мобилен телефон.
2. Преземете ја иницијативата
Наместо да чекате тој вас повторно да ве повика, вие договорете го времето на следниот состанок. Момците сакаат девојки кои не се плашат и срамат да кажат што сакаат, па така уште на почеток ќе си обезбедите екстра поени.
3. Кажете му за момчето кое ви се додворува
На првиот состанок во никој случај не треба да се спомене поранешен дечко, но пред момчето што ви се допаѓа можете слободно да зборувате за момчиња што неуспешно ви се додворуваат, оти кога тој ќе слушне дека мажите се заинтересирани за вас, ќе му станете многу поинтересна, и го воздигне фактот дека Вие ги отфрливте другите покани за состанок, и токму сега седите до него.