4 нијанси кои сите ќе ги носиме оваа сезона!
После зимското сивило, конечно дојде ведрата и весела пролет.
И оваа сезона се носат бои на улиците, оваа пролет ќе доминира со четири бои во убави нијанси, кои ќе ги топат срцата, дури и оние дами кои не се откажуваат од црната боја!
Жолта – Бојата која оваа пролет остави белег на секое дневно модно парче, и таа е идеална опција за сите дами кои сакаат да останат во фокусот. Оваа пролет ќе биде вистинскиот избор во било кој детал или монохроматски изглед.
Виолетова – Оваа боја беше прогласена за најпопуларна боја за 2018 година, а нијансата на лаванда не купи сите. Таа е подеднакво чудна и проклето романтична.
Зелена – Исто како цветните дезени, зелената боја е популарна секоја пролет, а оваа сезона е најмодерна смарагд нијансата. Можеме дури и да кажеме дека смарагдската нијанса стана нова црна, само малку повеќе жива и многу едноставна за да се комбинира.
Розова – Романтична и нежна, пудра-розова боја е нијанса која се вклопува со секоја дама. Бидејќи не е нападна, таа едноставно се комбинира со други бои и остава впечаток на софистицираност.