ЖивотУбави совети

Според хороскопот дознајте која е вашата среќна боја

На основ на хороскопскиот знак откријте која боја ви носи позитивни вибрации. 

Овен: Црвена – боја на доминација и лидерство кое е карактеристично за луѓето родени во овој знак. Оваа боја е сибол на сила, страст, храброст, активност, оптимизам и енергија. Освен тоа црвената боја аспоцира и на здравје.

Бик: Најсреќната боја за луѓето кои се родени во овој знак е плава. Оваа боја носи мир и спокојство. Плавата боја отсекогаш асоцирала на трпение и спокој што одговара на личностите со овој хороскопски знак. Плавата боја симболизира и искреност и верност.

Близнаци: Жолта – асоцира на радост и леснотија, зрачи со позитивна енергија, помага да се тргнат негативни мисли и депресија. Жолтата се смета за најоптимистична од сите останати бои. Предизвикува комуникација и спонтани истражувања.

Рак: На раковите среќа им носи боја слична на месечина, сребрена, елегантна сива и бела. Сребрената е симбол на хармонија и чист ум. Бела асоцира на спокој и смиреност. Сивата боја влијае на промена на расположението.

Лав: На овие луѓе среќа им носи златната боја, што не е чудно бидејќи лавовите уживаат во убави работи а оваа боја асоцира на просперитет и убавина. За ни среќни бои се и портокаловата и белата. Добро е да ги носат на себе кога се под стрес поради стабилизирање на емоциите и отстранување на негативните мисли.

Девица: На овој знак среќа му носат зелената и кафената боја. Личностите родени во овој знак треба да избегнуваат јаки бои, посебно на облеката и ентериерот, треба да се откружени со пастелни нијанси.

Вага: На овие луѓе среќа им носи светло плавата боја и зелената. Плавата го лекува умот и носи спокој. Светло зелената помага при одржување рамнотежа на умот, а светло плавата се смета за една од најдуховните бои.

Шкорпија: Темно црвена боја која симболизира мистериозност а исто така асоцира и на силата и моќта на овој знак. Посебно е важно што оваа боја ги стимулира деструктивните ситиации во кои често се наоѓаат луѓето родени со овој хороскопски знак.

Стрелец: Виолетовата боја им носи среќа на овие луѓе. Светлите нијанси на виолетовата будат романтични чувства, а темните тонови на оваа боја асоцираат на раскош, власт и амбиција.

Јарец: На нив среќа им носи кафената боја како и темните бои во нијанса на земјата. Некој може да ја смета кафената боја за досадна и тмурна, но доколкувнимателно погледне ќе сфати дека тоа е далеку од вистината. Кафената боја симболизира дружељубивост и стабилност, а тоа се особнините по кој се препознава Јарецот.

Водолија: Нивна боја на среќа е бојата на океанот и на небото. Небо – плавата на Водолиите делкува лековито. Таа ги намалува негативните мисли. Позната е и како боја на вистината. Зелената ќе им помогне да ги средат емоциите и да воспостават хармонија со умот.

Риба: За да ја зачуваат внатрешната рамнотежа, да имаат поголема самодоверба и сила на овие луѓе им се препорачува да бидат опкружени со зелена и плава боја. Исто така сребрената боја која ги неутрализира негативностите ќе им помогне да станат истрајни и трпеливи.

 

Поврзани статии

Back to top button