Оваа сезона, во тренд се и класични комбинации на бои…
Кога станува збор за комбинации на бои, во модата сега се е дозволено! Дури и комбинациите што некогаш биле озборувани и се сметале како карактеристични за лошиот вкус, како комбинирање на црна и теѓет, црвена и розова, сребрена и златна, сега се погодени, па дури и пожелни.
Оваа сезона прекршување на модни правила едноставно стана тренд, што секако не значи дека секој мора тој тренд да го практикува.
Меѓутоа, ако сте љубители на старите добри класични комбинации, она што во моментот е трендовско, не значи ништо за вас, бидејќи вашите аутфити ќе останат во согласност со вашиот стил.
За среќа оваа сезона, во тренд се и класични комбинации на бои.
Бела кошула во комбинација со џинс супер комбинација за сите пригоди.
Морнарските парчиња гардероба се исто така моден класик, особено кога станува збор за летни комбинации.
Синото костимче и белата кошула прават идеалната комбинација за на работа.