Дали ги запоставувате пријателите кога сте во врска?
Многу често велите дека вашето момче е вашиот најдобар пријател и тоа е добро, бидејќи за да го споделите денот со некој, да се смеете и да се поддржувате еден со друг, мора да му верувате и да чувствувате дека можете да се потпрете на него.
Меѓутоа, ако тој стане ваш најдобар пријател, многу лесно може да се случи да ги занемарите другите пријатели, што не е во ред.
Размислете за момент за вашите пријателства и нивната важност и ќе сфатите дека не треба да ги игнорирате поради некоја причина.
Вашите пријателства со други луѓе значат за вас, и за вашата врска може да бидат корисни, и еве како:
1. Ќе ви покажат дека никој не може да ги исполни сите ваши потреби.
2. Здраво е да се слушне мислење од друга гледна точка.
3. Постојат работи за кои со партнерот немате исти интереси.
4. Кога сте во криза, пријателите ви требаат најмногу. И врската така нема да ја почувствува кризата низ која поминувате.
5. Кога во вашата врска се соочувате со некаков проблем пријателите се глас на разумот.