Зошто треба да спиете на левата страна?
Доколку сакате да ви се подобри животот започнете да спиете на левата страна во креветот!
Сигурно ви звучи глупаво, но една британска студија го докажала спротивното. Спроведено било истражување врз 3.000 личности на кое се покажало дека оние кои спијат на левата страна во креветот се повеќе задоволни, расположени, среќни и успешни од останатите. Луѓето кои спијат на левата страна во креветот се поспособни и поспремни да превземат тешки обврски и со успех да ги завршат. Тотално знаат како да се справуваат кога ќе се најдат во тешки ситуации. Истражувањето докажало дека луѓето кои спијат на левата страна имаат и подобри работни позиции, а се и доста самоуверени. Дури 35% од нив се задоволни и среќни од своето работно место и го живеат својот деловен сон. Оние кои спијат на десната страна се во многу помал процент, само 17% од тие луѓе се задоволни од својата работна позиција.
Исто така, докторите тврдат дека е многу подобро да спиете на левата страна бидејќи така му помагате на срцето да праќа крв во телото, лимфната дренажа убаво се одвива и метаболизмот е побрз.