ЖивотУбави совети

Победете го пролетниот замор!

Повеќето луѓе во почетокот на пролетта чувствуваат замор, намалена концентрација, сонливост, исцрпеност, вртоглавици, мачнини… Таа состојба се нарекува пролеттен замор, и не е сосема безопасна, бидејќи тоа е често најава за потешки пореметувања во организмот, или почеток на депресија или анкциозност.

Стручните лица советуваат првиот чекор при таква ситуација да е промена на исхраната.

Конзумирање на полесна храна и здрави, хранливи напивки (од овошје, зеленчук и билки).

Одмор на свеж воздух е исто така многу потребен.

Физичката активност ќе го победи уморот со сигурност (возење велосипед, пешачење, планинарење…).

Туширање со малка (никако топла) вода. Со миризлива купка која ќе ги опушти сите сетила и ќе ја поттикнете циркулацијата.

Започнување на денот со омилената радио станица и чаша ладна вода.

 

 

 

 

 

 

 

Поврзани статии

Back to top button