Како пaкувањето да е задоволство наместо нервоза?
Многумина од нас обожуваме патувања, но кога ќе дојде време да ги спакуваме работите кои планираме да ги понесеме со нас како да не фаќа нервоза. Често пати сме неорганизирани и ставаме се и сешто, па куферот одеднаш излегува мал… Носиме непотребни работи, не знаеме ни како правилно да ги наредиме за да добиеме повеќе простор во куферот.
Бидејќи овој проблем не мачи секое патување решивме дека е време малце да истражиме и да најдеме решение.
Најпрво потребно е да направиме комбинации кои ќе ги носиме на патувањето и само тие да ги понесеме со нас. Потоа, сликите во продолжение исто така може да се од голема корист. Пакувајќи едно во друго може да се заштеди многу простор. Наместо пакувањето да е стерес нека биде мала креативна работилница. Пакуваме практично и со насмевки!