Со вакви постапки навистина брзо ќе му здосадиш…
Да, точно е дека понекогаш потребни се “техники” за освојување. Погледи, нежни допири и насмевки се секогаш добродојдени. Но, не е лесно да се игра играта на освојување, и често пати во неа може да се изгубиш и од се тоа да направиш поголема драма. Доколку ги правиш долу наведените работи значи дека брзо чекориш по патот за да му здосадиш.
Прва ги лајкнуваш неговите постови и слики на социјалните мрежи.
Постојано бараш помош и совети од него.
Се смееш на секоја негова фора колку и да е здодевна.
Премногу си чувствителна и тој го чувствува тоа.
Го фалиш за се што ќе направи и му се восхитуваш.
Го менуваш твоето мислење кога се разликува од неговото.
Не му даваш простор и си зависна од него.
Правиш се само за да го направиш љубоморен.
За него секогаш имаш време и си достапна.
Насекаде зборуваш само за него.