ЖивотУбави совети
Изберете соодветна нијанса на сенка за вашата боја на очи!
Да се истакне природната убавина на очите и да се одбере соодветна боја на сенка, понекогаш е навистина “тешка” работа.
Спектарот на боја на очите кај луѓето е навистина широк и најчесто варира од кафена, сина и зелена. Со цел да се потенцира природна убавина на бојата на очите, можеме да користиме сенки, особено ако ја одбереме вистинската сенка.
Еве кои бои на сенки одговараат на одредена боја на очите:
За жените кои имаат зелени очи се препорачуваат лила – бордови нијанси на сенки.
На плавите очи најдобро одговараат портокалови нијанси, бронзени, светло розови и сиви.
Лилаковите сенки најдобро ги истакнуваат светло кафените очи, исто така и златните нијанси се препорачани.